Kajgana
191 кривично дело за семејно насилство во месец мај: МВР алармира на зголемен број на случаи Филип Здравески 05.06.2026 / 15:37 Хроника Во текот на мај 2026 година биле пријавени вкупно 191 кривично дело за семејно насилство, соопшти МВР. Ова, според полицијата, претставува зголемување од 70,5% во споредба со истиот месец од претходната година. Најголем дел од кривичните дела биле „телесна повреда“ – 130 и „загрозување на сигурноста“ – 52 кривични дела, додека од потешките кривични дела во овој период извршено било едно убиство на подрачјето на СВР Битола и две тешки телесни повреди. Најголем број од кривичните дела од семејно насилство во овој период биле пријавени на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје – 62. „Во текот на минатиот месец Министерството за внатрешни работи поднесе вкупно 137 кривични пријави. И во овој дел има зголемување од 71,3% во однос на мај 2025 година. Мерки на кривичен прогон се преземени против 144 сторители, а како жртви на кривичните дела се 143 лица. Во овој период, по брза постапка поднесени се вкупно 18 кривични пријави, мерка притвор е одредена за 15 сторители, а за 48 лица се изречени мерки на претпазливост. Поднесените кривични пријави по брза постапка, споредбено со истиот месец од претходната година бележат зголемување за 800%. Во мај 2026 година регистрирани се вкупно 19 прекршоци, најчесто за „физички напад“ и „карање и викање“, како и 499 поплаки, од кои најголем број се на подрачјата на СВР Скопје и СВР Штип“. семејно насилство Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off
Go to News Site