Collector
Променливо време со пороен дожд и температури до 34 степени Целзиусови | Collector
Променливо време со пороен дожд и температури до 34 степени Целзиусови
Kajgana

Променливо време со пороен дожд и температури до 34 степени Целзиусови

Променливо време со пороен дожд и температури до 34 степени Целзиусови Александра Спасеска 06.06.2026 / 11:03 Македонија Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР), минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степени Целзиусови. Во наредните денови нè очекува променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Заради големата енергија во атмосферата ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. временска прогноза Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On

Go to News Site