Collector
Хамас во Каиро на нов круг преговори за прекин на огнот во Појасот Газа | Collector
Хамас во Каиро на нов круг преговори за прекин на огнот во Појасот Газа
Kurir

Хамас во Каиро на нов круг преговори за прекин на огнот во Појасот Газа

Висока делегација од палестинското радикално движење Хамас, предводена од лидерот Халил ал Хаја, синоќа пристигна во Каиро на нова рунда разговори со цел постигнување напредок во договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и разговори за следната фаза од договорот, објавија денеска египетските медиуми. Во делегацијата е и лидерот на Хамас во Западен Брег, Захер Џабрани. Предвидено е разговорите со египетските претставници да траат неколку денови. Фокусот ќе биде на завршувањето на првата фаза од договорот за прекин на огнот и прекин, на тоа што Хамас го нарекува повторени израелски прекршувања во Појасот Газа, како и истражување на механизмите за продолжување со втората фаза од договорот. Делегацијата на Хамас ќе се сретне и со претставници на палестинските фракции за да координира обединета национална позиција за клучните прашања и да разговара за начините за справување со предизвиците со кои се соочува палестинскиот народ. Египет, заедно со Катар и САД, игра централна посредничка улога во напорите за обезбедување и одржување на договорот за прекин на огнот во Појасот Газа помеѓу Хамас и Израел.

Go to News Site