Kurir
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на брифинг со новинарите во Клубот на пратеници презентираше податоци од просек на три анкети, според кои ВМРО-ДПМНЕ има убедливо најголема поддршка кај граѓаните. Според анкетите, ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 25,2 проценти од вкупниот број испитаници, што кај определените гласачи изнесува околу 42 проценти. Следуваат СДСМ со 8,6 проценти од вкупниот примерок, односно околу 14,4 проценти кај определените гласачи. Следуваат ДУИ со 8,1 процент (13,6 проценти кај определените), ВЛЕН со 6,8 проценти (11,4 проценти) и Левица со 6,2 проценти (10,4 проценти). Според презентираните податоци, ЗНАМ има поддршка од 2,3 проценти, односно околу 3,85 проценти кај определените гласачи, додека 2,5 проценти од анкетираните се определиле за друга политичка опција.
Go to News Site