Kurir
Францускиот дефанзивец Ибрахим Конате ќе ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, откако потпиша договор со Кралскиот клуб, јавија денеска шпанските медиуми. Според, РМЦ Спорт, договорот е со важност до лето 2030 година. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој победи на вчерашните избори, објави дека постигнал договор со 27-годишниот Французин. Трансферот беше најавен кога на 31 мај, Ливерпул објави дека Конате ќе замине на крајот од сезоната. Конате го носеше дресот на Ливерпул од 2021 година и за англискиот клуб одигра вкупно 183 натпревари.
Go to News Site