Collector
У20: САД ја победи Македонија | Collector
У20: САД ја победи Македонија

У20: САД ја победи Македонија

Македонската фудбалска репрезентација до 20 години загуби од селекцијата на САД со 2-0 во контролен натпревар одигран попладнево на неутрален терен во бугарскиот град Петрич. Избраниците на селекторот Александар Таневски одиграа квалитетен и корисен контролен натпревар против силен противник, што ќе послужи како добра проверка и можност за дополнително воигрување на тимот. Македонската репрезентација добро се спротивставуваше во текот на поголемиот дел од средбата, а головите ги прими во судиското надополнување на првото полувреме и во 90+2 минута од натпреварот. На спротивната страна, Димитар Данев, Адмир Љатифи и Салим Арифи не реализираа од идеални шанси за гол.

Go to News Site