Kurir
Попладнево во западните и југозападните делови имаше локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во околината на Охридско – Преспанскиот, Дебарско – Кичевскиот и Полошкиот регион, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што посочуваат, попладнево продолжува нестабилноста во западните и југозападните делови, а до крајот на денот има услови за појава на нестабилност и во југоисточните делови од државата. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Go to News Site