Collector
Giriş Yap
Лавров: Тешко е да се коментира за перспективите за преговори за Украина во овој момент | Collector
Лавров: Тешко е да се коментира за перспективите за преговори за Украина во овој момент

Лавров: Тешко е да се коментира за перспективите за преговори за Украина во овој момент

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека во моментов е тешко да се коментира за перспективите за преговори за мирно решавање на кризата во Украина. „Тешко е дури и да се коментира за перспективите за преговори во овој момент“, рече Лавров за време на заедничката прес-конференција во Москва со неговиот колега од Бангладеш, министерот за надворешни работи, Калилур Рахман, пренесоа руските медиуми. Тој рече дека Русија е подготвена за преговори за Украина, но дека тие мора да бидат искрени. „Подготвени сме за преговори, за искрени преговори, без мамење“, истакна Лавров. Тој додаде дека Русија е загрижена поради изјавите на американскиот државен секретар Марко Рубио за поддршката на Вашингтон за Украина. „Секако сме загрижени за изјавите, вклучително и оние дадени од државниот секретар Марко Рубио, кој неодамна на конгресното сослушување изјави дека САД не можат да бидат посредник во преговорите затоа што ја поддржуваат Украина. Според Лавров, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, отворено им ласка на западните земји, особено во врска со Украина. Шефот на руската дипломатија изрази надеж дека искуството со неуспешните договори за Украина, кога Западот одби да ги почитува, нема да се повтори во случајот со договорот од Енкориџ, кој беше постигнат на средбата на рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп.

Go to News Site