Kurir
Скопје денеска ќе одбележи 165 години од излегувањето на „Зборникот на браќата Миладиновци“, со свечен настан што ќе се одржи во Спомен-собата „Т’га за југ“. Како што е наведено во соопштението на библиотеката, одбележувањето е посветено на значењето на делото на Димитар и Константин Миладинов за македонскиот јазик, книжевност и културен идентитет. Настанот ќе го отвори директорката на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, Анета Механджијска, по што ќе следува осврт за „Зборникот“ и за творештвото на браќата Миладиновци од Братислав Ташковски. Во рамки на програмата е предвидена актерска изведба на избрани песни и текстови од „Зборникот на браќата Миладиновци“, како и изложба на сите изданија на „Зборникот“ и на делата на Миладиновци што се дел од библиотечниот фонд. „Зборникот на браќата Миладиновци“, објавен во 1861 година, се смета за едно од најзначајните дела во македонската културна и книжевна историја, со трајно значење за зачувувањето на народното творештво и јазичното наследство
Go to News Site