Collector
Детали за обидот за убиство: Се допреле со ретровизори, па ги начекале во заседа – отворена истрага против двајца браќа | Collector
Детали за обидот за убиство: Се допреле со ретровизори, па ги начекале во заседа – отворена истрага против двајца браќа
Kurir

Детали за обидот за убиство: Се допреле со ретровизори, па ги начекале во заседа – отворена истрага против двајца браќа

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица, браќа на возраст од 43 и 44 години, кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – убиство во обид. Според обвинителството, инцидентот се случил на 6 јуни во близина на авто-плац во селото Шишево, каде што осомничените со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице, при што во опасност биле доведени и уште две лица. Настанот, како што се наведува, произлегол од претходен сообраќаен инцидент во кој братот на оштетениот и првоосомничениот, движејќи се со возила во спротивни насоки, се допреле со ретровизорите, по што дошло до вербална расправија. Во текот на расправијата, првоосомничениот физички го нападнал оштетениот, фаќајќи го за врат и упатувајќи му закани. Ситуацијата била смирена од двајца очевидци кои интервенирале на местото на настанот. Подоцна, оштетениот ја зел сопругата од работа и го повикал својот брат заедно да проверат дали е безбедно да се движат по истиот пат. Според наводите од истрагата, двајцата осомничени во меѓувреме ги чекале скриени во грмушки во близина на местото на претходниот инцидент, вооружени со пиштоли. Кога возилото поминало покрај нив, првоосомничениот испукал два куршума. Еден од проектилите го погодил братот на оштетениот во пределот на главата, нанесувајќи му тангенцијална повреда, додека животите на другите две лица биле сериозно загрозени. Поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик од повторување или довршување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, соопшти Јавното обвинителство.

Go to News Site