Kurir
Дали Мила Царовска со сопругот лета дронови по Њујорк? Дилемата се наметнува по веста дека демократските власти во Њујорк ги бришат термините „мајка“ и „татко“ во официјалните документи во сојузната држава и ги заменуваат со идеолошки прочистените изрази „родител што раѓа“ и „родител што не раѓа“. „Татковство“ станува родово неутрално „родителство“, а биолошките татковци што не презеле родителска одговорност стануваат „наводни родители“. Законот беше усвоен во Претставничкиот дом на Њујорк пред неколку месеци, а оваа недела беше одобрен и од Сенатот, по минимална дебата. Сега е на масата на гувернерката Кети Хочул, која гордо го истакнува својот прекар „прва мајка“ на Њујорк. Ќе стане ли ПРВ РОДИТЕЛ КОЈ РАЃА?! Ако го потпише, промените стапуваат на сила на 1 ноември. Ќе мора да бидат преработени сите одредби во семејните судски постапки, регулативите за семејни односи, издршката за деца, одредувањето на старателството, дури и во законите за образование. -Промената е неопходна бидејќи го усогласува државниот закон со општоприфатените стандарди за тоа како семејните судови ги решаваат случаите на сурогат мајчинство и оние со родители од ист пол, вклучувајќи парови со две мајки, пишува во меморандумот што го придружува законот. Адвокати за посвојување коментираат дека употребата на термините мајка и татко во семејното право е застарена со оглед на растот на посвојувањата од истополови парови и договорите за сурогат мајчинство. -Имате посвоители кои се од ист пол во Њујорк. Има двајца мажи и две жени како родители, објаснува адвокатката Лесли Силвер-Хофман. Конзервативната опозиција го оценува законот како „дивеење на разбудената култура“. -Ова е понижување од позиција на сила. Покажува колку е забегано законодавното тело на Њујорк. Непотребно и расипничко трошење време, изјави Џерард Касар, претседател на локалната Конзервативна партија.
Go to News Site