Kurir
Истражувања покажуваат дека постарите жени би можеле значително да го намалат ризикот од прерана смрт со само 4.000 изодени чекори на ден. Клучно е што овој заштитен ефект, кој ги намалува шансите за прерана смртност за повеќе од една четвртина, важи дури и ако толку чекори се прават само еднаш или двапати неделно. Се нагласува дека вкупниот обем на чекори, а не фреквенцијата на активноста, е клучен фактор за намалување на стапките на смртност и ублажување на ризикот од срцеви заболувања, пренесе ОФФНЕТ.МК . Студијата покажа дека, во споредба со жените кои воделе седечки живот, оние кои постигнале 4.000 чекори дневно еден или два дена во неделата имале 26 проценти помал ризик од смрт од која било причина и 27 проценти помал ризик од срцеви заболувања. Ако се прави тоа три пати неделно, ризикот од прерана смрт е помал за 40 проценти а ризикот од срцеви заболувања помал за 27 проценти. Повеќе чекори (5.000 до 7.000 чекори) дава скромни дополнителни бенефити. Студијата, објавена во Британскиот журнал за спортска медицина, вклучувала 13.547 жени кои на почетокот на испитувањето немале срцеви заболувања и рак, на просечна возраст од околу 72 години. Носеле уреди седум дена по ред за мерење на бројот на чекори и биле следени речиси 11 години. Во секој случај, бројот на чекори е поважен отколку тоа колку пати се шпарта.
Go to News Site