Kurir
Премиерот Христијан Мицкоски ја оцени компанијата „Макпрогрес“, сопственик на брендот „Винчини“, како еден од темелите на македонската кондиторска индустрија и пример за успешен развој на семеен бизнис во регионален гигант. Тој посочи дека компанијата остварува промет од повеќе од 40 милиони евра и дека околу 80 проценти од вкупното производство е наменето за извоз. „Макпрогрес“, како што истакна Мицкоски, преку сопствениот бренд „Винчини“, но и преку производство на приватни брендови, значаен дел од своето производство го пласира на странските пазари. Премиерот им честиташе на сопственикот, директорот и на сите вработени во компанијата, за кои наведе дека се околу 670, оценувајќи дека нивниот придонес е значаен за економијата и за македонската индустрија. Мицкоски нагласи дека Владата ќе продолжи да поддржува ваков тип компании, особено оние кои се извозно ориентирани и создаваат додадена вредност. „Ние како Влада ќе сториме сè да помогнеме и да бидеме додадена вредност во реализирањето на амбициите и целите на компанијата во следните пет години“, порача премиерот. Тој изрази очекување дека во Македонија ќе има што повеќе вакви инвестиции.
Go to News Site