Collector
Средба Костадиновски со заменик-министерот за економија, Ристевски | Collector
Средба Костадиновски со заменик-министерот за економија, Ристевски
Kurir

Средба Костадиновски со заменик-министерот за економија, Ристевски

Градоначалникот на општина Виница заедно со пратеничката Даниела Христова денеска оствари работна средба со заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристевски. - Разговаравме за актуелните економски состојби, можностите за унапредување на локалната економија и поддршката на домашните компании и инвестициски проекти - информира Костадиновски. Според него, во разговорите била истакната важноста од добрата соработка помеѓу локалната и централната власт, како и потребата од континуирана поддршка на компаниите кои инвестираат, создаваат нови работни места и придонесуваат за економскиот напредок на општината. Средбата се одржа во рамките на официјалното пуштање во употреба на новата производна линија на компанијата „Макпрогрес“, инвестиција која претставува значаен придонес за економскиот развој на ппштина Виница и отвора нови перспективи за понатамошен раст и развој на стопанството. ис/са/

Go to News Site