Kurir
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес (08.06.2026 година) престојуваше во работна посета на Макпрогрес во Виница, по повод отворањето на новата фабрика за кондиторски производи во рамки на брендот Винчини. Во 12:30 часот премиерот премиерот даде изјава за медиумите во кругот на фабриката, а на поставеното прашање за СДСМ кои вчера одржаа конгрес и ги повторија своите наводни евроинтеграциски ставови, даде негов коментар: - Мислам дека, не секогаш треба да даваме коментар, на тоа што го кажува СДСМ. Јас само можам да кажам, еве, на тој фолклор што сме навикнати да го слушаме, не видовме ништо поразлично. За жал, СДСМ продолжува да биде мекото ткиво во македонскиот национален идентитет. Јас жалам што од некогаш државотворната партија се претвори во една група која што се бори за да го штити својот личен интерес. Но, тоа е што е, сега тие одбрале таква политика, така да се однесуваат, ние тука не можеме ништо повеќе да сториме, понекогаш можеби и не треба да коментираме сѐ што тие кажуваат - рече Мицковски.
Go to News Site