Kurir
Општина Битола организира јавна расправа со јавна презентација по Нацрт план за Измени и дополнувања на дел од ГУП Четврт И 02, Блок И.02.04 и Блок И.02.05 и Детален урбанистички план за Четврт Исток 2, Блок И.02.05 и Блок И.02.04 - (обединета постапка), КО Битола 5, Општина Битола. Вкупната површина на планскиот опфат, што се применува при изработка на Нацрт план за Измени и дополнувања на дел од ГУП Четврт И 02, Блок И.02.04 и Блок И.02.05 и Детален урбанистички план за Четврт Исток 2, Блок И.02.05 и Блок И.02.04 - (обединета постапка), КО Битола 5, Општина Битола изнесува 15.12 ha. Јавната презентација за јавната расправа по Нацрт план за Измени и дополнувања на дел од ГУП Четврт И 02, Блок И.02.04 и Блок И.02.05 и Детален урбанистички план за Четврт Исток 2, Блок И.02.05 и Блок И.02.04 - (обединета постапка), КО Битола 5, Општина Битола, ќе се спроведе со времетраење од 30 дена и тоа од 23.06.2026 год., заклучно со 22.07.2026 год. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица, можат да достават писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавна расправа за широката јавност ќе се одржи на ден 25.06.2026 год. (четврток) во 10:00 часот, во просториите на Општина Битола (Салата на Советот на Општина Битола). Повеќе на линкот: https://www.bitola.gov.mk/javna-prezentacija-i-javna-anketa/
Go to News Site