Kurir
Ким Кардашијан ги навлече критиките од обожавателите на Формула 1 откако го изигнорира познатиот новинар и поранешен возач Мартин Брандл на Големата награда на Монако. Кардашијан беше на стартната патека за да го поддржи својот партнер Луис Хамилтон кога новинарот на „Скај спортс“ ѝ се приближи за време на неговата вообичаена обиколка на патеката. Сепак, таа и нејзината сестра Клое Кардашијан, според наводите, одбиле да разговараат со него, предизвикувајќи реакција на интернет. Бројни интернет-корисници ја критикуваат за нејзиниот потег, нарекувајќи го непочитување кон Брандл и кон Формула 1. „Дали Ким Кардашијан е толку голема што не може да разговара со Мартин Брандл? Тотално нема стил“, „Таа е позната по тоа што е позната 'за ништо'. Не може самата да држи чадор и игнорира човек кој е легенда, додека другите спортисти и глумци го почитуваат. За неа нема место на стартната патека“, „Може ли да им забраниме пристап на луѓето како Ким Кардашијан и Кара Делевин кои покажуваат непочитување кон Формула 1? Ако не го почитувате спортот и луѓето што го градат, нема што да барате тука“, „Ким Кардашијан не можеше да одвои 20 секунди за да разговара со Мартин Брандл. Тоа беше срамно да се гледа. Тоа е, просто - ароганција!“ - гласат дел од коментарите на интернет-просторот. Видеата посочуваат дека старлетата само го погледна Брандл и продолжи да си ја гледа работата, без да му обрне внимание, што според многумина е ладен и груб однос. @vidking25 #kardashian #kardashians #kimkardashian #fyp #foryou #f1 #monaco ♬ original sound - VK - Не можам да верувам дека Луис Хамилтон не ја запозна Ким со легенда како Мартин Брандл - додаде следниот корисник. Мартин Брандл е познато име во светот на автомобилизмот. Како возач на Формула 1, тој постигна девет места на подиумот во 12 сезони, а беше и светски шампион во спортски автомобилизам, како и победник на легендарните трки „24 часа Ле Ман“. (МИА)
Go to News Site