Collector
Giriş Yap
Дел од општина Карпош без вода | Collector
Дел од општина Карпош без вода

Дел од општина Карпош без вода

Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на крстосницата меѓу улиците  „Милан Марковиќ“ и „Брадфордска“ денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Милан Марковиќ“, „Крчин“, „Пијанец“, „Копачка“, „Илија Павлев“, „Стрезово“ и дел од улиците „Леринска“ и „Братфордска“ во општина Карпош. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:00 часот до завршување на работните активности.

Go to News Site