Kurir
ВМРО-ДПМНЕ во соопштение оценува дека Владата предводена од оваа партија покажува оти европскиот пат на Македонија е можен „без национални понижувања“, без, како што наведуваат, продавање на идентитетот, редефинирање на историјата и релативизирање на македонскиот идентитет. Од партијата тврдат дека Македонија е лидер во реформите и во Планот за раст меѓу земјите од Западен Балкан, а ваквиот пристап, според нив, им пречи на СДСМ и на лидерот на партијата, Венко Филипче. „Тоа им пречи на СДС и на Филипче и затоа упорно тврдат дека без отстапки нема напредок“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата додава дека граѓаните на изборите јасно ја испратиле пораката до СДСМ, обвинувајќи ја опозициската партија дека не ѝ биле важни државата, народот, идентитетот, јазикот и името, туку, како што велат, само власта, парите, моќта и амнестијата. Во соопштението ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Филипче дека, во услови кога Бугарија го блокира евроинтегративниот пат на Македонија, се усогласувал со ставовите на бугарски политички претставници. Партијата употребува и остри квалификации кон лидерот на СДСМ, обвинувајќи го дека се додворувал на бугарскиот државен врв со цел да дојде на власт. Според ВМРО-ДПМНЕ, доколку СДСМ и Филипче повторно би биле на власт, би прифатиле национални отстапки и, како што тврдат од партијата, повторно би ја „обезличиле Македонија“.
Go to News Site
Makfax Macedonia
ZHURNAL
Вечер
Tocka
Tocka
Tocka
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir