Collector
Giriş Yap
Лефков: Специјалниот бугарски пратеник Филипче спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт | Collector
Лефков: Специјалниот бугарски пратеник Филипче спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт

Лефков: Специјалниот бугарски пратеник Филипче спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт

Интегрален текст од прес-конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков: „Специјалниот бугарски пратеник Филипче спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт. Демагошката програма полна со флоскули на Филипче не му го носи посакуваниот ефект, што може да се види и по последните анкети, па затоа се впушта во романса со Бугарија сметајќи дека така ќе успее да им се допадне на граѓаните. Иако над 80тина проценти од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не е чекорот кон ЕУ и оваа отстапка не треба да се прави без гаранции, сепак Филипче и лојалистите на Заев во врхушката на СДС уште утре ќе ги потпишат бугарските барања. Поданичката политика на Филипче и СДС кон Бугарија и Радев не оди на добро на државата, а уште помалку на Филипче. Ако продолжи Филипче со понижувачкиот однос кон Бугарија и Радев, уште повеќе ќе се маргинализира. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги штити националните интереси, а со тоа и желбата на граѓаните кои даваат огромна поддршка на владејачката коалиција.“ https://www.youtube.com/watch?v=T74vNwxFvTQ

Go to News Site