Collector
Giriş Yap
ВИДЕО: Тејлор Свифт неочекувано се појави на премиерата на „Toy Story 5“ | Collector
ВИДЕО: Тејлор Свифт неочекувано се појави на премиерата на „Toy Story 5“

ВИДЕО: Тејлор Свифт неочекувано се појави на премиерата на „Toy Story 5“

Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт изненади голем дел од присутната публика синоќа, откако неочекувано се појави на премиерата на анимираниот филм „Приказна за играчките 5“. Свифт се качи на сцената во театарот Долби, облечена во долга вечерна тоалета, каде на пијано ја изведе песната „Го знаев тоа, те знаев тебе“ („I Knew It, I Knew You“), која, како што изјави, ја напишала специјално за новото продолжение на популарната анимирана серија. Таа ѝ се обрати на публиката велејќи дека е долгогодишен обожавател на филмскиот серијал „Приказна за играчките“, нагласувајќи дека ѝ претставува голема чест да биде дел од новото продолжение. - Многу ми значи што можам да бидам мал дел од овие филмови, изјавила Свифт. По својот настап, таа на сцената претстави уште еден неочекуван гостин, композиторот Ренди Њумен, автор на музиката и на дел од најпознатите песни од „Приказна за играчките“. Тие заедно ја испеаа „Јас сум ти пријател“, една од најпрепознатливите музички хитови од првата сезона на серијалот. Во текот на вечерта, Свифт на црвениот тепих се појави заедно со актерите Том Хенкс и Џоан Кјузак, како и со останатите членови од екипата. Анимираниот филм е во продукција на Пиксар, а неговото прикажување во кината ќе започне од 19 јуни.

Go to News Site