Kurir
Малиша Станковиќ, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница во Собрание истакна дека ВМРО-ДПМНЕ, со преземањето на власта во 2024 година наследила долгови од страна на СДС и упати остра критика кон опозицијата за неисплатена цела програма за земјоделие, како и за заостанати долгови по претходни програми. Пратеникот Станковиќ се осврна на клучните земјоделски гранки и нагласи дека со преземањето на власта на ВМРО-ДПМНЕ, се зголемило производството како и откупната цена „Откупна цена на грозје во една релевантна година, еве 2023 година, последната година, цела од вашето владеење, смедеревката е 14 денари, вранец 17 денари, вкупно откупени 62,3 милиони килограми грозје. Во 2025 година, цената на истото грозје, 19,1 денар за смедеревката, 21,3 за вранец, 120 милиони килограми откупено грозје. Не само што се зголемила цената, се зголемило и производството. За тутунот, 353 денари – 14,7 милиони килограми во 2023 година. Во 2025 година, односно овој откуп што е сега во 2026 година, 418 денари – 26 милиони килограми“, кажа Станковиќ и додаде: „За прв пат минатата година, Република Македонија успеа да произведе доволно количина на квалитетна пченица, да имаме сопствено македонско производство, тоа и во законот го ставивме. За разлика од претходно кога се обезбедуваа резервите со увезена пченица, сега стоковите резерви се обезбедуваат со македонска пченица. Тоа е една од интервенциите на законот“. Пратеникот Станковиќ заклучи дека извозот на земјоделски производи според податоците на ДЗС е зголемен за 85 милиони евра.
Go to News Site
Tocka
Tocka
Tocka
A1on.mk
Makfax Macedonia
ZHURNAL
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir