Collector
Giriş Yap
Весна Јаневска: за поквалитетно високо образование и наука го зголемуваме буџетот и ја унапредуваме регулативата | Collector
Весна Јаневска: за поквалитетно високо образование и наука го зголемуваме буџетот и ја  унапредуваме регулативата

Весна Јаневска: за поквалитетно високо образование и наука го зголемуваме буџетот и ја унапредуваме регулативата

Свесни сме за фактот дека македонското високо образование не е на посакуваното ниво. И тоа не е од годинава или од лани, туку години по ред. Затоа и започнавме суштински и системски промени. Паралелно работевме на унапредување на регулативата, на обезбедување поголем буџет за високото образование и за истражувањата, но и на достоинствен третман на професорите и зголемување на нивните плати. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната промоција на АРБУ - платформа за академско рангирање на балканските истражувачи и универзитети врз основа на цитираност на Google Scholar, иницијатива на проф. д-р Марјан Бојаџиев. „Длабоко верувам дека имаме квалитетен професорски кадар. Само им треба мал поттик за да ги претворат предавањата во инспирација за студентите. Затоа ја насочуваме поддршката кон подобрување на материјалните услови кадешто работат, кон системи за стимулација и наградување на наставно‑научниот труд, можности за професионален развој и меѓународна мобилност, како и јасни патеки за напредување во кариерата. Професорите добиваат можност да се посветат на квалитетна настава, иновативни истражувања и менторство кон студентите. Ова го правиме со новиот Закон за високото образование, инклузивно и со јасна визија што сакаме да добиеме“, рече Јаневска. Додаде дека законот гарантира академска автономија, транспарентни критериуми за евалуација и напредување, како и механизми за поддршка на младите истражувачи. Поттикнува и продукција на повеќе трудови и видливост во меѓународни размери, која пак, ја зголемува привлечноста на универзитетот, носи повеќе студенти, дополнителни приходи, поголеми можности за проекти, како и поинтензивна академска размена која го поткрева квалитетот на наставата и истражувањата. „Оваа реформа е придружена со конкретни финансиски мерки. Ако буџетот за високото образование во 2022 беше помалку од 3 милијарди денари, во 2026 за универзитетите има 8 милијарди денари. Додека буџетот за наука од 380 милиони денари во 2024 го зголемивме на 773 милиони денари во 2026. И секоја година ќе расте“, истакна Јаневска, додавајќи дека само со силно единство може да се изгради високо образование кое го заслужуваат нашите млади и Македонија. На настанот се обрати и директорката на Агенцијата за квалитет во високото образование, доц. д-р Христина Серафимовска, а присуствуваа и најцитираните македонски научници д-р Сашко Кедев и д-р Веланд Рамадани, како и најистакнатиот во регионот според платформата, проф. д-р Ивица Пуљак од Хрватска.

Go to News Site