Collector
Giriş Yap
Бојковска: Работиме на конкретни придобивки за граѓаните, со „Роаминг како дома“, целосно се усогласуваме со европските легислативи | Collector
Бојковска: Работиме на конкретни придобивки за граѓаните, со „Роаминг како дома“, целосно се усогласуваме со европските легислативи

Бојковска: Работиме на конкретни придобивки за граѓаните, со „Роаминг како дома“, целосно се усогласуваме со европските легислативи

Македонија го започна процесот за приклучување кон европската иницијатива „Роаминг како дома“, со што граѓаните во иднина би можеле да користат мобилни услуги во земјите од Европската Унија по цени како во домашниот сообраќај, соопшти денеска Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Според Бојковска, иницијативата ќе овозможи пониски трошоци за граѓаните при користење повици, интернет и СМС-пораки во земјите од ЕУ, како и полесна комуникација и подобри услови за прекугранична соработка. Таа истакна дека со усогласувањето на домашната законска рамка со европските директиви и регулативи во областа на електронските комуникации, Владата го завршила својот дел од обврските и ја подготвила земјата за следната фаза од процесот за приклучување кон европскиот роаминг простор. „Овој процес е уште еден доказ дека кога институциите се водат одговорно и домаќински, резултати има“, рече Бојковска. Во своето обраќање, таа упати критики кон СДС, оценувајќи дека партијата зад себе оставила неисполнети ветувања во однос на европската агенда. Наспроти тоа, според Бојковска, ВМРО-ДПМНЕ работи на конкретни придобивки за граѓаните. Бојковска порача дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со политики насочени кон модернизација, дигитализација и европска иднина на Македонија, додавајќи дека граѓаните заслужуваат власт која создава резултати. https://www.youtube.com/watch?v=viaEocj_HYk

Go to News Site