Collector
Giriş Yap
Николоски: Напредок од 36 проценти на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка | Collector
Николоски: Напредок од 36 проценти на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка

Николоски: Напредок од 36 проценти на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски денеска извршија увид во изградба на втората фаза од пругата кон Бугарија- делница Бељаковце-Крива Паланка. Николоски истакна дека ова е инженерски исклучително предизвикувачки проект кој опфаќа изградба на 29 мостови во должина од 34 километри, 15 тунели, најмногу досега изградени во Македонија, како и шест надвозници, три подвозници, три стојалишта и две станишни и три сервисни згради. Трите стојачишта, односно железнички станици ќе бидат лоцирани во Кратово, Ранковце и Гиновци. -Имајќи ја во предвид конфигурацијата на теренот ова треба да е железница која што ќе оперира со 100-120 километри на час, што во вакви комплицирани услови е навистина одлична брзина. Овие мостови се инженерско чудо затоа што, мостот кој е десно од нас, неговите столбови се во висина од 45 метри, а највисок столб кој се гради е 61 метар. Само за споредба просечна зграда од 7-8 ката е во висина од 24 до 27 метри. Ќе бидат вградени десетици илјади тони железо и точно 125 илјади метри кубни бетон во овие мостови и тунели кои се градат, нагласи Николоски. Напредокот на конструкциите, посочи Николоски е 31 процент, додека целокупниот напредок е 36 проценти. Тој очекува до октомври 2028 година, тука да оперираат возови. -Ова е дел од Коридорот 8, источно крило. Поврзувањето на Скопје со Софија, а од таму и со Црното море, по изградбата на втората, ќе ја градиме и третата делница. За истата во соработката со европската инвестициска банка, ЕБОР и ЕУ, веќе е објавен тендер за избор на надзорен орган, а очекувам во следните неколку недели да го објавиме и тендерот за изведба, за да продолжиме онаму каде што оваа делница завршува, нагласува Николоски. Потенцираше дека овој коридор е прогласен од НАТО за втор најзначаен безбедносен коридор.

Go to News Site