Kurir
Луѓето кои што со години го водеа земјоделството и имаа можност да ги решаваат проблемите на земјоделците во Македонија, оставија разочарани земјоделци, уништени системи, недовршени проекти и целосно изгубена доверба во институциите“, потсети министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на денешната собраниска говорница. „Кога ја преземав функцијата, наследив една хаотична состојба, нерешени предмети, хаос во институциите, наталожени проблеми, неисплатени плати во јавните претпријатија, неисплатени субвенции и чувство дека Министерството служело за политичка пропаганда наместо за реална поддршка во земјоделството“, појасни министерот. „Да потсетам дека околу 1.600 вработени во ЈП Национални шуми 4 месеци немаа примено плата, а над 500 вработени во АД Водостопанство немаа земено плата дури 5 месеци, нив ги оставивте на цедило, без плата и здравствено осигурување“, нагласи тој. Министерот посочи дека сегашната власт имаше обврска да исплати неисплатени субвенции од 2020, 2021, 2022 и 2023 година. За потсетување 17 месеци, претходната власт немаше исплатено субвенции за предадено млеко. „Сакате факти за вашето неработење, тука говори и кредитот од Светска Банка земен во 2019-та година во износ од 46 милиони евра. Затекнавме многу слаба реализација во активностите за проектот, беше помалку 10%, а сите активности на проектот требаше да бидат завршени во јуни 2025 година“, додаде тој. Министерот посочи дека за склучениот договор со KfW Банка за кредит од 80 милиони евра за инвестиции во водостопанството во декември 2019 година, пет години претходната власт немаше превземено ништо, немаше формирано ниту проектина единица за да се реализира проектот, поради што државата исплатила над 2 милиони евра како провизија за неискористени средства по основ на одобрениот кредит. „Во делот на ИПАРД Програмата, која во изминатиот период ви беше омилена тема, во периодот 2017-2024 година немате акредитирано ниту една нова мерка, односно работевте по веќе акредитираните мерки во 2009 и 2015 година“, нагласи министерот Трипуновски. Тој во текот на своето обраќање посочи дека во втората половина на 2022 година беше хакиран системот на министерството. Три месеци вработените немаале пристап до своите компјутери за работа и до потребната документација. Компјутерите беа онеспообени за работа, немаше бекап на податоците, не беше превземено ништо, немаше никаква одговорност. Стотици документи и материјали се изгубени, неповратно. „Би сакал да ве потсетам дека Колективниот договор за вработените во министерството кој беше склучен во февруари 2021 година, со повторното доаѓање на Николовски за министер, истиот во почетокот на ноември 2022 година беше укинат. За прв пат во историјата на Македонија беше укинат колективен договор“, истакна министерот.
Go to News Site