Collector
Giriş Yap
Тинејџери без возачки дозволи возеле во Кичево, двајцата се приведени | Collector
Тинејџери без возачки дозволи возеле во Кичево, двајцата се приведени

Тинејџери без возачки дозволи возеле во Кичево, двајцата се приведени

На 09.06.2026 во 13:00 часот на улицата „Рудничка“ во Кичево, полициски службеници го лишија од слобода С.Р.(19) од кичевското село Бачишта. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево сопреле патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и притоа констатирале дека немал положено возачки испит. По целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. На 09.06.2026 во 11:10 часот на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.С.(18) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево сопреле мопед со кичевски регистарски ознаки, кој го управувал А.С. и притоа било констатирано дека немал положено возачки испит. По целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Go to News Site