Collector
Удрил велосипедист, го однел во амбуланта и си заминал – Се пријавил сам додека полиција вршела увид | Collector
Удрил велосипедист, го однел во амбуланта и си заминал – Се пријавил сам додека полиција вршела увид
Kurir

Удрил велосипедист, го однел во амбуланта и си заминал – Се пријавил сам додека полиција вршела увид

На 06.06.2026 околу 15:30 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат с. Нераште – с. Радуша, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки удрило во велосипедистот А.М. (29) од Тетово. -По несреќата, возачот со возилото го пренел повредениот велосипедист во приватна амбуланта во село Нераште, по што си заминал. Потоа А.М. со друго возило бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, а за време на вршењето на увидот, на местото дошол Л.М. (39) од с.Нераште со возилото “фолксваген туран” и се пријавил дека тој учествувал во сообраќајната несреќа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Go to News Site