Kurir
Австриската фотографка Елфи Земотан почина на 84-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство. - Со Елфи Земотан, Австрија го загуби еден од најзначајните фотографи на нашето време. Нејзиниот непогрешлив поглед никогаш нема да биде заборавен, објави на Икс, австрискиот министер за култура Андреас Баблер. Земотан работеше за разни списанија, меѓу кои Вог, Мари Клер и Њујоркер. Таа ги фотографираше моделите Клаудија Шифер и Наоми Кемпбел, како и актерите Бред Пит и Вилем Дефо. Во 60-тите години од 20 век Земотан беше модел во Париз, а потоа како фотограф со децении соработуваше со модниот дизајнер и пријател Хелмут Ланг. Земотан имаше голем број самостојни изложби.
Go to News Site