Kurir
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе оствари еднодневна работна посета на Босна и Херцеговина, каде што ќе има средба со министерот за надворешни работи, Елмедин Конаковиќ. За време на посетата, која се реализира на покана на министерот Конаковиќ, се очекува да бидат потврдени одличните билатерални односи и континуираната соработка во областите од заемен интерес. На средбата се очекува да стане збор за европската перспектива на регионот и процесот на интеграција во Европската Унија. Воедно, ќе бидат разменети мислења за можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка, пред сè на економски план, со посебен акцент на унапредувањето на надворешната трговија.
Go to News Site