Collector
Русија ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил | Collector
Русија ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил
Kurir

Русија ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија повторно ја гаѓала нуклеарната централа Чернобил, при што во еден дел избил пожар, што набрзо е изгаснат. Зеленски на платформата Икс објави дека еден дрон ја погодил зградата на централното складиште за искористено гориво. - Екстремно критична инфраструктура и екстремно зол руски напад, наведе Зеленски, додавајќи оти по нападот нивото на радијација на ги надминува дозволените граници. Тој посочи и дека Русија во текот на ноќта нападнала 13 украински региони, при што, наводно, биле гаѓани и цивилни објекти.

Go to News Site