Collector
Муцунски во посета на БиХ на средба со неговиот босански колега Елмедин Конаковиќ | Collector
Муцунски во посета на БиХ на средба со неговиот босански колега Елмедин Конаковиќ
Kurir

Муцунски во посета на БиХ на средба со неговиот босански колега Елмедин Конаковиќ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе оствари еднодневна работна посета на Босна и Херцеговина, каде што ќе има средба со министерот за надворешни работи, Елмедин Конаковиќ. Како што соопшти МНРиНТ, за време на посетата, која се реализира на покана на министерот Конаковиќ, се очекува да бидат потврдени одличните билатерални односи и континуираната соработка во областите од заемен интерес. На средбата се очекува да стане збор за европската перспектива на регионот и процесот на интеграција во Европската Унија. Од Министерството додаваат дека во разговорите ќе бидат разменети мислења за можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка, пред сè на економски план, со посебен акцент на унапредувањето на надворешната трговија.

Go to News Site