Collector
ВОДА, ПТИЦИ, КАМЕН – акварели од Славица Талеска во Природно научниот музеј во Дојран | Collector
ВОДА, ПТИЦИ, КАМЕН – акварели од  Славица Талеска во Природно научниот музеј во Дојран
Kurir

ВОДА, ПТИЦИ, КАМЕН – акварели од Славица Талеска во Природно научниот музеј во Дојран

Во просториите на Природно научниот музеј во Дојран на 13 јуни во 11 часот ќе биде отворена изложба на акварели насловена ВОДА, ПТИЦИ, КАМЕН од авторката Славица Талеска. Таа со триесетина слики во акварел ќе се претстави на поширокиот круг на љубителите на сликарската уметност. Називот на изложбата упатува на три мотиви кои се инспирација и обработка во акварелите на Талеска - водата како поврзаност со целиот свет, птиците како симбол на слободата и преселбата, и - каменот како цврста точка за постојаноста. Ваквиот пристап го креира интересот на сликарката врзувајќи се за стварноста, низ езерските мотиви и мотивите од камени и бисерни куќи (како што ги нарекува), низ прозрачни и чисти тонови со медитеранска светлина. Воведен збор во каталогот објавен за изложбата има професор д-р Владимир Величковски. Инаку на Славица Талеска ова и е прва самостојна изложба. Родена е во 1954 година и во младоста, во Задар (Република Хрватска), учествувала на неколку групни изложби. Животната патека ја води во Скопје, а пензионерските денови сликајќи ги поминува во Дојран.

Go to News Site