Collector
Поетот Христо Петрески освои престижна награда во Црна Гора | Collector
Поетот Христо Петрески освои престижна награда во Црна Гора
Kurir

Поетот Христо Петрески освои престижна награда во Црна Гора

На Меѓународниот поетски фестивал Брегот на поетите во Даниловград (Црна Гора), македонскиот поет Христо Петрески ја освои највисоката и единствената награда Александар Секулиќ. Во образложението на Стручната жири-комисија составена од универзитетски професори, критичари и писатели се вели дека Петрески се наградува за креативниот и творечки лирски опус со осведочени уметнички вредности. Христо Петрески настапи и на Тркалезната маса на тема Поезијата денес, како и на централниот митинг покрај реката Зета во центарот на Даниловград. Досегашни добитници на наградата која го носи името на познатиот поет Александар Секулиќ, се Перо Зубац и Радомир Андриќ.

Go to News Site