Collector
СДС ќе му поднесе КРИВИЧНА на Кошта, затоа што Богоев бил затворен поради него?! | Collector
СДС ќе му поднесе КРИВИЧНА на Кошта, затоа што Богоев бил затворен поради него?!
Kurir

СДС ќе му поднесе КРИВИЧНА на Кошта, затоа што Богоев бил затворен поради него?!

Денот за СДС почна со следната најава: „Прес конференција на СДСМ пред Јавното обвинителство Ве известуваме дека денеска 05.06.2026 (петок) , пред зградата на Јавното Обвинителство (Кеј Димитар Влахов, Скопје), ќе се одржи прес-конференција на СДСМ на којашто ќе се обрати генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ . Го покануваме вашиот медиум да го проследи настанот.“ пиша СДС. Јавноста претпоставува дека по минатиот прес на кој партијата на Филипче ја обвини власта дека притворањето на Богоев не е за тендер-криминал од 300.000 евра, туку заради тоа што наводно со Богац власта правела дефокус од пораката на Антонио Кошта (КОЈА СЕКОЈ НОРМАЛЕН ЈА ОЧЕКУВАШЕ) за внесување Бугари во македонскиот устав, постојат две опции за пресот на нивниот ген-сек пред ЈО. Првата опција е дека ќе поднесат кривична пријава против претседателотг на Европскиот Совет, Антонио Кошта, кој  е директна причина, барем според СДС, за затворање на Богац и следствено - ако Кошта не дојдеше во Македонија, Стефан ќе си беше на слобода затоа што не ќе мораше да се дефокусира „лошата вест“ на ЕУ. Таква  е барем, логиката на Бихаќка. Втората опција е дека ген-секот кому никој не му го знае ни името, ќе се натопори и ќе обвини за имагинарен политички реваншизам во случајот со Богоев и ќе каже, пак, дека Власта го користи за дефокус од „лошите“ вести на ЕУ кои ја потврдуваат тезата на СДС дека без влез на Бугари во устав, нема влез за МКД во ЕУ. Како и да е, се се сведува на барање на СДС за внос на Бугари во устав, пак. И пак... Останува да видиме, како и со што СДС ќе бриљира пред ЈО.

Go to News Site