Collector
Отворена ФИБА Европската минибаскет конвенција во Скопје | Collector
Отворена ФИБА Европската минибаскет конвенција во Скопје
Kurir

Отворена ФИБА Европската минибаскет конвенција во Скопје

Скопје деновиве е европски центар на минибаскетот. Во главниот град на Македонија се одржува 11. издание на ФИБА Европската минибаскет конвенција, која на едно место обедини тренери, едукатори и спортски работници од повеќе европски земји, посветени на развојот на најмладите кошаркари и кошаркарки. Целта на конвенцијата е преку размена на искуства, современи методологии и практични примери да се унапреди работата со децата и да се поттикне нивниот правилен спортски и личен развој. Во изминатите два дена беа реализирани бројни предавања, работилници и практични демонстрации под водство на реномирани меѓународни експерти. Учесниците имаа можност да стекнат нови знаења и алатки за успешно воведување на кошарката кај најмладите, како и за промовирање на здрави животни навики и спортски вредности. На третиот ден од конвенцијата, присутните во спортската сала „Лазар Лечиќ“ ги поздрави Камил Новак, извршен директор на ФИБА Европа, кој им посака успешна работа и плодна размена на искуства на сите учесници. На свеченото отворање се обрати и генералниот секретар на Кошаркарската федерација на Македонија, Томче Стојчевски, кој се заблагодари за довербата што ФИБА Европа ѝ ја укажа важноста македонската федерација да биде домаќин на овој значаен настан.

Go to News Site