Collector
Петрушевски: Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче? | Collector
Петрушевски: Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче?
Kurir

Петрушевски: Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче?

Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче? Аферата со Богоев не е обична афера од 2.000 евра мито. Тоа е трагата која носи до многу поголем криминал, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на денешната прес-конференција. -Детето на Заев, несудениот негов наследник, Стефан Богоев заедно со Џемо од Прилеп ги искористиле своите влијанија и раководни позиции и си наместиле тендер од 18 милиони денари. Јавноста преку медиумите дозна дека Богац бил подмитен со 2.000 евра од Џемо, а ние од свиркачи дознаваме дека тоа биле првите од илјадниците што требал да ги инкасира пуленот на СДС, вели пратеникот. Петрушвски го повика ЈО да истражи дали е точна информацијата дека Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари или во превод 1,8 милиони денари? -Богоев беше поставен од СДС. Џемо е човек од СДС. Тендерот е во државна институција. Затоа никој не смее да глуми дека ова е личен инцидент. Ова е партиска шема, создадена од матрицата на СДС, нагласува Петрушевски.

Go to News Site