Kurir
Премиерот Христијан Мицкоски денеска, од работната посета на компанијата „Макпрогрес“ во Виница, испрати остра порака во врска со застојот околу акцискиот план за малцинствата и блокадите од страна на Бугарија. Одговарајќи на новинарско прашање каде е застојот и зошто Бугарија го блокира процесот, Мицкоски порача дека тоа прашање треба да им се постави на бугарските власти. „Не знам зошто е тоа така. Претпоставувам дека таа политика е веќе со децении, не е политика што почнала денес“, рече премиерот. Мицкоски притоа упати директна критика кон, како што рече, некои политички елити во Македонија, кои не успеале навреме да ја препознаат суштината на проблемот. „За жал, некои политички елити кај нас не успеаја да го препознаат тоа. Беа кратковиди и претпоставувам лекомислени, или се водеа од лични интереси, и мислеа дека ако потпишат бел лист хартија, сите проблеми ќе бидат решени. Тоа така не оди во реалната политика“, порача Мицкоски. Премиерот нагласи дека поради таквиот пристап е направена сериозна штета и создадени се големи проблеми кои сегашната Влада ќе мора да ги решава. „За жал, направија многу штета, направија големи проблеми кои ќе треба да ги решиме. Но, ќе се бориме, тоа е нашата задача“, додаде Мицкоски. Тој порача дека решенијата нема да дојдат ниту брзо, ниту лесно, но дека Владата е подготвена да се соочи со наследените предизвици. „Бргу и лесно ништо не доаѓа во животот“, истакна премиерот Мицкоски. https://www.youtube.com/watch?v=VbomMnOjZZc
Go to News Site