Collector
Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки? | Collector
Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки?
Kajgana

Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки?

Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки? Филип Здравески 08.06.2026 / 13:32 Фудбал Светското првенство во 1974 година во Западна Германија требало да биде крунисување на една од најталентираните генерации во историјата на југословенскиот фудбал. „Плавите“ пред мечот со Западна Германија Сепак, наместо борба за самиот врв, турнирот е запаметен по лошите резултати, атмосферата нарушена од неисплатените бонуси и „војните“ од производителите на спортска опрема, како и урбаната легенда дека Јосип Броз Тито лично го „продал“ натпреварот на Германците за државен заем. Десеттото Светско првенство, на кое учествуваа само 16 репрезентации, го освоија домаќините предводени од великани како Франц Бекенбауер и Герд Милер. Југославија пристигнала на турнирот откако ги пропуштила првенствата во 1966 и 1970, а своето место го обезбедила со маестрална изведба во Франкфурт и гол на Јосип Каталински против Шпанија. Југославија и Шпанија биле во иста група, но завршиле на делба на првото место ист број на бодови и гол-разлика +3, а двата меѓусебни натпревари завршиле без победник. Тогашните правила велеле дека при такво сценарио се игра бараж на неутрален терен. Очекувањата биле големи, а со оглед на имињата во тимот, биле оправдани. Репрезентацијата ја сочинувале претежно играчи на Хајдук (Шурјак, Облак, Буљан, Мужиниќ) и Црвена звезда (Џајиќ, Караси, Ачимовиќ, Петровиќ), дополнително засилени со познатото мостарско БМВ трио од Вележ (Бајевиќ, Мариќ, Владиќ). Почетокот на турнирот бил како сон „Валдштадион“ во Франкфурт Југославија - Бразил 0:0 Во првиот натпревар, пред преполн стадион во Гелзенкирхен, Југословените ги надиграле тогашните актуелни светски шампиони и покажале дека можат да се натпреваруваат со секого. Remote video URL „Паркштадион“ во Гелзенкирхен Југославија - Заир 9:0 (6:0) 8', 30', 81' Душан Бајевиќ, 14' Драган Џајиќ, 18' Ивица Шурјак, 22' Јосип Каталински, 35' Владислав Богичевиќ, 61' Бранко Облак, 65' Илија Петковиќ Следувала невидена демонстрација на сила. Победата над сегашниот ДР Конго сè уште го дели првото место за рекордна победа во историјата на Светските првенства. Душан Бајевиќ блеснал со хет-трик, а уште шестмина играчи постигнале голови (Џајиќ, Шурјак, Каталински, Богичевиќ, Облак и Петковиќ). Remote video URL „Валдштадион“ во Франкфурт Југославија - Шкотска 1:1 (0:0) 81' Станислав Караси - 88' Џо Џордан Ремото во третото коло го обезбедило првото место во групата и премин во втората фаза од натпреварувањето, а стрелец на голот против Шкотланѓаните бил Караси. Remote video URL Се чинело дека за оваа генерација ќе се зборува во ист здив како за Холандија на Кројф или Германија на Бекенбауер, но потоа следел целосен распад. Втора фаза Во втората групна фаза, тогаш таков бил системот, на сцена стапил „балканскиот менталитет“. На играчите им биле ветени бонуси во вредност од тогаш огромни 15.000 марки. Сепак, плаќањето било блокирано со образложение дека тоа ќе „ја прекрши клаузулата за девизен курс“. Атмосферата во тимот преку ноќ станала тмурна. Дополнително, во тимот се водела вистинска војна меѓу производителите на спортска опрема. Легендарниот голман Енвер Мариќ подоцна живописно ја опиша ситуацијата: „Нередот во нашиот тим го предизвикаа производителите на фудбалски копачки Puma и Adidas. Puma нудеше богати договори ако ги менувавте копачките, па Драган Џајиќ и јас добивме 20.000 марки за носење копачки Puma. Дополнително, федерацијата не ни исплати бонуси. Атмосферата беше ужасна, тимот целосно се распадна, а ние бевме целосно скапани одвнатре.“ Како директен резултат, Југославија ги загубила сите три натпревари во втората фаза. „Рајнштадион“ во Диселдорф Југославија - Западна Германија 0:2 (0:1) 39' Паул Брајтнер, 82' Герд Милер Remote video URL „Валдштадион“ во Франкфурт Југославија - Полска 1:2 (1:1 ) 43' Станислав Караси - 24' (п) Кажимјеж Дејна, 62' Гжегож Лато Remote video URL „Рајнштадион“ во Диселдорф Југославија - Шведска 1:2 27' Ивица Шурјак - 29' Ралф Едстрем, 85' Кони Торстенсон Remote video URL Интересна приказна, често истакнувана од угледниот хрватски новинар Томислав Жидак, е дека политиката одиграла улога во елиминацијата на „Плавите“. Имено, Југославија во тоа време била на работ на економски колапс, а Јосип Броз Тито пристигнал во Западна Германија токму на време за првенството, барајќи заем од 700 милиони германски марки. Денот пред натпреварот помеѓу Западна Германија и Југославија, Тито организирал прием во хотелот „Парк“ во Диселдорф. Помалку од 24 часа подоцна, „Плавите“ биле поразени со 2:0 од домаќините. „Откако загубивме, се прошири приказната дека натпреварот бил наместен, дека сме го продале за заем што ни го дал германскиот канцелар и дека никогаш не сме ги вратиле тие 700 милиони марки“, се присети Енвер Мариќ. „Едвај го видовме во хотелот, сè беше преполно со полиција и агенти. Тито дефинитивно не беше на натпреварот, а ние едноставно не игравме добро.“ Иако играчите никогаш не признаа за „продажбата“, историскиот факт останува дека Југославија никогаш навистина не ѝ го врати тој заем на Германија, а оваа генерација се памети како тим што имаше квалитет да биде на врвот на светот, но беше уништен од лош систем и менталитет што честопати се покажа како фатален и во подоцнежните натпреварувања. Во југословенскиот тим бил и нашиот Кирил Дојчиновски, тогаш 30-годишен, но не добил шанса да заигра на шесте натпревари. Инаку, Мундијалот на крајот го освои Западна Германија со победа од 2:1 во финалето во Минхен над Холандија, иако Холанѓаните водеа уште од втората минута. Брозната ја освои Полска победувајќи го Бразил. Составот на југословенската репрезентација на Светското првенство во 1974 година: Голмани : Енвер Мариќ - Вележ Огњен Петровиќ - Црвена звезда Ризах Мешковиќ - Хајдук Одбрана : Иван Буљан - Хајдук Енвер Хаџиабдиќ - Жељезничар Мирослав Павловиќ - Црвена звезда Јосип Каталински - Жељезничар Владислав Богичевиќ - Црвена звезда Лука Перузовиќ - Хајдук Кирил Дојчиновски - Црвена звезда Среден ред : Дражен Музиниќ - Хајдук Бранко Облак - Хајдук Ивица Шурјак - Хајдук Јован Ачимовиќ - Црвена звезда Фрањо Владиќ - Вележ Владимир Петровиќ - Црвена звезда Јуре Јерковиќ - Хајдук Напад : Илија Петковиќ - Троа (Франција) Драган Џајиќ - Црвена звезда Данило Попивода - Олимпија Станислав Караси - Црвена звезда Душан Бајевиќ - Вележ Селектор : Миљан Миљаниќ Југославија во албумот на Panini за Светското 1974 (клик за поголема верзија) Југославија Јосип Броз Тито СП 1974 Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On

Go to News Site