Collector
Кристијан Ериксен повторно го оживуваа на терен среде натпревар | Collector
Кристијан Ериксен повторно го оживуваа на терен среде натпревар
Kajgana

Кристијан Ериксен повторно го оживуваа на терен среде натпревар

Кристијан Ериксен повторно го оживуваа на терен среде натпревар Александра Спасеска 08.06.2026 / 15:37 Фудбал Кристијан Ериксен се чини дека е стабилен откако повторно се струполи за време на фудбалски натпревар. Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен (34) се струполи на теренот во средината на второто полувреме на пријателскиот натпревар помеѓу Данска и Украина. Да потсетиме дека пред пет години на Европското првенство, Ериксен исто така се струполи поради срцев удар за време на натпревар во дресот на данската репрезентација. ¡El mundo contuvo la respiración! Christian Eriksen vuelve a encender las alarmas y revive los fantasmas de la Euro 2020 tras desplomarse en pleno partido. El mediocampista danés cayó al césped durante el amistoso entre Dinamarca y Ucrania , generando momentos de gran… pic.twitter.com/m4jpRH9u4w — Noelia Belén Izarza (@noeliaizarza) June 7, 2026 Веста набрзо се прошири низ стадионот дека Кристијан Ериксен е свесен, а тој доби аплауз од навивачите како форма на поддршка во тие тешки моменти. Набрзо, Фудбалскиот сојуз на Данска потврди дека Кристијан Ериксен е во стабилна состојба, што е најдобрата вест што можеше да ја добие фудбалскиот свет. Еве како беше пред пет години: „Тешко е да се најдат зборови за да се опише што се случува. Сите играчи ги заобиколуваат Ериксен и неговата сопруга на пат кон амбулантното возило, кое е подготвено да ги однесе од стадионот“, пишува данската TV2 и додава: „На сите на стадионот им беше кажано дека фудбал повеќе нема да се игра и дека Ериксен, со оглед на околностите, е добро.“ Откако падна на теренот пред пет години, Ериксен успеа да се врати и да игра на врвно ниво. Прво го носеше дресот на Бренфторд, потоа играше за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, а моментално е член на Волфсбург. Својата професионална кариера ја започна во Ајакс, играше за Тотенхем многу години, а беше и член на Интер. Одигра 150 натпревари за Данска, а неговата репрезентација нема да учествува на Светското првенство ова лето. Кристијан Ериксен Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site