Kajgana
Италијанците сигурни: Манчини ќе биде новиот селектор, договорено е Филип Здравески 08.06.2026 / 15:17 Фудбал Италијанската репрезентација наскоро би требало да има нов-стар селектор, бидејќи враќањето на Роберто Манчини на клупата на „Аѕурите“ е сè поизвесно, објавуваат водечките италијански медиуми. По уште едно разочарување по неуспехот да се квалификуваат за Светското првенство, челниците на федерацијата одлучија одговорноста за новиот циклус да му ја доверат на стручњакот кој на репрезентацијата ѝ донесе еден од најголемите успеси во модерната историја. Според информациите од новинарите Џанлука Ди Марцио и Николò Скира, сè што останува е да се завршат последните формални детали пред соработката да се официјализира. Се очекува Манчини да потпише договор до 2030 година, со кој ќе заработува 2 милиона евра по сезона. Договорот би вклучувал и заштитна клаузула што би ѝ дозволила на федерацијата да го раскине договорот доколку националниот тим не ги исполни своите цели во претстојните квалификациски натпревари. Roberto #Mancini is one step away to return on #Italy National Team’s bench. Ready a contract until 2030 (€2M/year). #transfers https://t.co/1ZGUhyJrH6 — Nicolò Schira (@NicoSchira) June 8, 2026 Додека се одлучуваше за трајно решение, националниот тим привремено го водеше Силвио Балдини, кој е актуелен селектор на „Аѕурините“, односно репрезентацијата на Италија до 21 година. Мандатот на Балдини беше успешен, бидејќи „Азурите“ во драстично подмладен состав ги добија двата пријателски натпревари, со минимални резултати против репрезентациите на Луксембург и Грција, двата во гости. Со враќањето на Манчини, Италијанците се надеваат дека ќе започнат ново поглавје и конечно ќе завршат со периодот на нестабилност што трае со години. Искусниот стручњак остави длабока трага на клупата на националниот тим кога ја предводеше Италија до титулата на Европското првенство 2020, кое поради пандемијата се одигра во 2021 година. Манчини потоа доживеа голем удар во мундијалските квалификации кога прво во квалификациската група Италија заврши втора зад Швајцарија, а потоа во баражот испадна уште во полуфиналето од Македонија и тоа губејќи на свој терен во Палермо. Продолжи со поразот од 3:0 од Аргентина на „Вембли“ во Финалисима, односно новото натпреварување за шампионите на ЕУРО и Копа Америка (годинава не се одигра поради инвазијата ан САД и Израел врз Иран, а требаше да се игра во Катар). Манчини остана на клупата и ја однесе Италија на фајнлфорот во Лигата на нации, каде сепак не стигна до финалето. Неговиот последен меч беше 3:2 победата над Холандија за третото место. Roberto Mancini opened doors to a return to the Italian national team since May and remains the leading candidate for the job. Mancini, waiting for Federation’s green light. https://t.co/MW4BkpunR2 pic.twitter.com/VGHVM2REnD — Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 8, 2026 Откако ја напушти Италија, веднаш се префрли во Саудиска Арабија станувајќи селектор на оваа репрезентација. Но, таму не му одеше и по само една година на клупата го раскина договорот оти малку фалеше да ја остави Саудиска Арабија без пласман на Мундијалот 2026. Во ноември 2025 седна на клупата на катарскиот Ал-Сад, потпишувајќи двегодишен договор. Таму сезонава ја освои титулата во домашната лига. Сега може да се врати на местото каде што го постигна најголемиот успех во својата тренерска кариера. Прв меч за Манчини по враќањето на аѕурната клупа ќе биде дуелот со Белгија на 25 септември во Лига А од Лигата на нации. Во тој проширен прозорец на „Аѕурите“ им следуваат гостувања кај Турција и Франција, а потоа домашен меч со Турците. Роберто Манчини Италија фудбал Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site