Collector
ЕУ откри колку досега ја чинела војната на Блискиот Исток | Collector
ЕУ откри колку досега ја чинела војната на Блискиот Исток
Kajgana

ЕУ откри колку досега ја чинела војната на Блискиот Исток

ЕУ откри колку досега ја чинела војната на Блискиот Исток Александра Спасеска 08.06.2026 / 16:57 Свет Војната на Блискиот Исток ја зголеми сметката за увоз на енергија на ЕУ за 47 милијарди евра во изминатите 100 дена, изјави денеска портпаролката на Комисијата, Ева Хрничорова. „Нашата сметка за увоз на фосилни горива се зголеми за повеќе од 47 милијарди евра во изминатите 100 дена. Тоа е цената што ја плаќаме без да увезуваме ниту една капка енергија“, рече Хрничорова. Таа додаде дека немало прекин во снабдувањето со енергија на ЕУ, благодарение на диверзификацијата на снабдувањето од страна на ЕУ и зголемувањето на домашното производство. Доколку конфликтот на Блискиот Исток продолжи, а Ормутскиот Теснец остане затворен, ЕУ би можела да се соочи со тешкотии. „Никогаш не сме го криеле тоа, но сега е јасно дека бевме многу добро подготвени за ваква криза“, нагласи портпаролката. ЕУ Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site