Collector
Изборните реформи влегуваат во завршна фаза | Collector
Изборните реформи влегуваат во завршна фаза
Kajgana

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза Александра Спасеска 08.06.2026 / 16:44 Македонија Работната група за реформи во изборното законодавство денес ја одржа седмата седница, на која беа разгледани и анализирани предлозите, мислењата и забелешките доставени од надлежните институции, политичките партии, граѓанските организации и другите засегнати страни во процесот на подготовка на измените на Изборниот законик. На седницата беше потврден досегашниот напредок во усогласувањето на законските решенија со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, при што членовите на Работната група водеа интензивна и конструктивна расправа за повеќе прашања кои директно влијаат врз транспарентноста, интегритетот и кредибилитетот на изборниот процес. Министерството за правда ја истакнува посветеноста и активното учество на сите членови на Работната група и оценува дека процесот се одвива во духот на дијалог, професионалност и заедничка одговорност за унапредување на демократските стандарди во државата. Реформите во изборното законодавство претставуваат важен чекор кон јакнење на институционалната доверба и обезбедување фер, слободни и демократски избори во согласност со европските стандарди и меѓународните препораки. Следната седница е закажана на 12 јуни по што законските измени ќе се финализираат и ќе се достават во понатамошна процедура. Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро Off

Go to News Site