Kajgana
Управувајќи велосипед паднала во одводна шахта: Тешко повредена скопјанка Филип Здравески 08.06.2026 / 14:14 Хроника Полицијата соопшти дека вчера во 16:40 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ - Скопје, било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 44-годишната С.С. од Скопје. Според пријавеното, на 06.06.2026 на ул. „Жан Жорес“ во Скопје околу 21:00 часот, управувајќи велосипед, паднала во одводна шахта, при што се здобила со повредите. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off
Go to News Site