Collector
Giriş Yap
Марјан Даскаловски поднесе оставка од претседателското столче на СДСМ – Струмица | Collector
Марјан Даскаловски поднесе оставка од претседателското столче на СДСМ – Струмица

Марјан Даскаловски поднесе оставка од претседателското столче на СДСМ – Струмица

Марјан Даскаловски соопшти дека поднел оставка од функцијата претседател на Општинската организација на СДСМ во Струмица. Во објава до јавноста, Даскаловски наведе дека оставката ја доставил до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, посочувајќи дека одлуката ја донел од лични причини. -Оваа одлука ја носам со мирна совест и чисто срце, водена пред сè од лични причини, истакна Даскаловски. Тој се заблагодари на членовите, симпатизерите, активистите и соработниците за поддршката и довербата во изминатиот период, оценувајќи дека времето поминато на чело на организацијата било исполнето со многу работа, заеднички успеси и предизвици. Даскаловски посака успех на идниот претседател и на новото раководство на СДСМ Струмица, нагласувајќи дека и понатаму ќе остане поддржувач и ќе помогне со своето искуство и знаење кога тоа ќе биде потребно. -Чест ми беше да ја предводам оваа организација и да работам со луѓе кои искрено го сакаат својот град, порача, Даскаловски.

Go to News Site