Kurir
Во американската сојузна држава Тексас потврдени се уште два случаи на црв-месојад, соопшти американското Министерствои за здравство. Новите случаи се откриени кај теле и куче, кои не само што немале контакт, туку биле оддалечени стотици километри. Со ова, вкупниот број на случаи на инфекција со црв-месојад во САД се искачи на четири. Црв-месојад или шраф-црв всушност е вид на мува што произведува специфична месојадна ларва - јаде живо месо наместо мртво ткиво. Женките положуваат јајца во отворените рани на секое топлокрвно животно. Повремено и луѓето се нападнати од црв-месојед, Мувата што положува месојадни ларви до 60-тите години од 20 век беше сезонска појава, а потоа се сметаше за искоренета. По искоренувањето првпат се појавува на крајот од 2024 година во Мексико. Владата на САД се бори против овој штетен вид со одгледување стерилни машки муви, потоа се парат со диви женки, но не можат да положуваат ларви. На тој начин се спречува ширење на црвот-месојад. Американското Министерството земјоделство најави дека ќе го зголеми производството на стерилни мушички во објекти надвор од САД , како и во Тексас.
Go to News Site