Collector
Giriş Yap
Реал продава дресови со името на папата Лав Четиринаесетти | Collector
Реал продава дресови со името на папата Лав Четиринаесетти

Реал продава дресови со името на папата Лав Четиринаесетти

Реал Мадрид пушти денеска во продажба во своите официјални продавници ограничено издание дресови со името на папата Лав Четиринаесетти по цена од 195 евра, откако поглаварот на Римокатоличката црква обелодени дека е навивач на Кралскиот клуб. Во горниот дел на позадината од белиот дрес е испишано името на папата на шпански јазик „León“, а подолу бројката „XIV“. Шпанските медиуми јавија дека првиот човек на Реал, Флорентино Перез (79), кој во неделата доби нов претседателски мандат, попладнево официјално ќе му го подари дресот на папата, кој е во посетата на Шпанија и ќе се сретне со верниците на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. -Би сакал да го поздравам Лав Четиринаесетти. Во авионот со кој се упати од Рим до Шпанија, тој рече дека е навивач на Реал Мадрид, што е голема чест за нас. Добредојдовте, Ваша Светост, рече Перез на предизборниот митинг во саботата.

Go to News Site