Collector
ФОТО: За околу два месеци ќе добиеме модерен и проширен охридски аеродром, реализирани над 65% од реконструкцијата | Collector
ФОТО: За околу два месеци ќе добиеме модерен и проширен охридски аеродром, реализирани над 65% од реконструкцијата
Kurir

ФОТО: За околу два месеци ќе добиеме модерен и проширен охридски аеродром, реализирани над 65% од реконструкцијата

Во завршна фаза е реконструкцијата и проширувањето на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид. За околу два месеци, ќе добиеме целосно нов модерен аеродром, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со директорот на ТАВ, Неџат Курт, извршија увид во градежните работи. Вицепремиерот Николоски истакна дека оваа модернизација на охридскиот аеродром е за првпат од неговата изградба и треба да овозможи зголемување на капацитетот на патници и бројот на нови авиолинии. -Реконструкцијата и надградувањето на охридскиот аеродром е нешто што долго време му требаше на аеродромот и еве конечно се случува. Некаде за два месеци од денес ќе имаме аеродром кој што ќе изгледа како вчера да се изградил, целосно ново решение, проширување на терминалната зграда, проширување на делот за слетување, проширување на делот за полетување, значи за патници на доаѓање, патници на заминување што дополнително ќе значи голем економски стимул, истакна Николоски. Со проектот е предвидено да бидат обезбедени дополнителни 4.500 метри квадратни функционален простор, за поудобно, поефикасно и попријатно искуство за патниците, како и подобри услови за работа на персоналот, полицијата и царинската управа. Како што беше истакнато на прес-конференцијата, работите се над 65 проценти реализирани, а она што е можеби најважно е што градежните активности се одвиваат без притоа да се ремети работата на аеродромот односно приемот и отпраќањето патници. Осврнувајќи се на резултатите во авиосообраќајот, Николоски информираше дека во периодот јануари–мај годинава е забележан раст од 31,2 проценти на бројот на патници во споредба со истиот период лани. - Бројките се одлични. Ова е раст кој не може да се најде на ниту еден од аеродромите во регионот, изјави Николоски. Директорот на „ТАВ Македонија“ Курт, од своја страна посочи дека реконструкцијата и проширувањето на аеродромот во Охрид е проект вреден 2,7 милиони евра, средства што ќе овозможат удобност и пријатност за сите патници, но и подобри оперативни услови за вработените. За модернизацијата на охридскиот аеродром тој уште очекува да придонесе за натамошно позиционирање на Охридскиот регион и Македонија како една од најатрактивните и најдостапни туристички дестинации во Европа, а во соработка со авиокомпаниите и со поддршка на Владата ќе продолжи проширувањето на мрежата на директни линии и зајакнувањето на меѓународната поврзаност на аеродромот.

Go to News Site