Collector
Giriş Yap
Џака повторно го покажа албанскиот симбол за кој ФИФА го казни | Collector
Џака повторно го покажа албанскиот симбол за кој ФИФА го казни

Џака повторно го покажа албанскиот симбол за кој ФИФА го казни

Џака повторно го покажа албанскиот симбол за кој ФИФА го казни Александра Спасеска 08.06.2026 / 18:29 Фудбал Швајцарските фудбалери Гранит Џака и Рикардо Родригес повторно привлекоа внимание со прикажувањето на симболот на двоглавиот орел пред почетокот на Светското првенство. Долгогодишниот капитен на Швајцарија Џака и неговиот соиграч Родригес беа снимени како го формираат симболот на орел поврзан со Албанија со рацете за време на бејзбол натпреварот помеѓу Сан Диего Падрес и Њујорк Метс во САД. Снимката можете да ја погледнете ТУКА . Тоа е гест кој со години предизвикува контроверзии во фудбалскиот свет, а многумина во Србија го доживуваат како провокација. Најпознатиот случај се случи на Светското првенство во 2018 година, кога Џака и Џердан Шаќири ги прославија головите против Србија на ист начин, за што ФИФА ги казни. Овој потег на двајцата репрезентативци би можел да ѝ обезбеди на Швајцарија дополнителна поддршка од албанската дијаспора во САД за време на претстојното Светско првенство. За потсетување, репрезентацијата на Босна и Херцеговина игра против Швајцарија на 18 јуни во Лос Анџелес, во еден од најинтересните натпревари од регионалната групна фаза. Гранит Џака Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site