Kajgana
Новиот клинички центар сѐ уште е планиран кај „Борис Трајковски“, Владата преговара за земјиштето Александра Спасеска 08.06.2026 / 20:46 Македонија Изградбата на нов клинички центар во Скопје и понатаму се планира во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а Владата веќе преговара со сопственикот на земјиштето за обезбедување на локацијата, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Според владиниот план, новиот здравствен комплекс треба да биде поврзан со ГОБ „8 Септември“ преку подземен тунел, со што на едно место би се интегрирале повеќе здравствени установи, меѓу кои и ПЕТ-центарот и Поликлиниката „Букурешт“. Мицкоски рече дека парцелата на предвидената локација е во приватна сопственост и дека во тек се разговори за размена на земјиште. Тој оцени дека досегашниот тек на преговорите е задоволителен. Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро Off
Go to News Site